Search

Хотелот „Белведере“ затворен зошто остана без својот убав поглед

Швајцарскиот хотел од викторијанската ера, „Белведере“, кој се наоѓа на планинскиот превој, а од кој туристите му се воодушевуваа на најголемиот глечер Роне, е затворен откако глечерот се повлече речиси два километри кон врвот на Алпите.

На местото каде некогаш се простираше моќниот глечер, кој како замрзната река се спуштал кон швајцарските долини, сега може да се види само карпа, камења и поројни потоци.

Повеќе од 500 швајцарски глечери веќе исчезнаа, а владата соопшти дека 90 отсто од преостанатите 1.500 ќе се стопат до крајот на векот, ако ништо не се преземе во поглед на намалувањето на емисиите на штетни гасови.

Се очекува дека нивното повлекување значително ќе влијае и на водостојот, кој ќе расте додека мразот се топи, но на долги патеки ќе доведе до големи суши и недостиг од вода за пиење. Научниците стравуваат дека наглото топење би можело да предизвика и поројни потоци кои пак можат да нанесат поголеми штети на инфраструктурата, а со тоа и на економијата на земјата.

Хотелот „Белведере“ е изграден во 1880-те години, бил преплавен со туристи. Во него бил и Џејмс Бонд во филмот „Голдфингер“, а сега е прва жртва од глобалното затоплување.

Треба да знаете
Последни објави