Search

Сугарески: Во градежништвото не се паметат утки какви имало во времето на ВМРО ДПМНЕ

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, во вечерашната дебата во Тренд анализа го посочи проектите на сегашната влада кои биле завршени по смената на власта за кои опозицијата тврди дека се нивни проекти и за многу промашувања во градежништвото. На многу патишта не биле изградени клучки, за кои подоцна не биле обезбедени пари.
„Градежништвото не памети вакви утки. Клучките се заборавени и после им текнало во 2015, но не се обезбедени пари.“ – изјави Сугарески.
Тој е задоволен во врска со капиталните инвестиции и до новата година смета дека рализацијата на ваквите проекти ќе биде поголема.
„Ќе имам 68.7% реализација на капиталните инвестиции некаде до 20 ноември и до крајот на годинава реализацијата ќе биде уште подобра. Нема проект кој не е продуктивен. Извонреден процент на реализација има гасификацијата“ – изјави Сугарески.
Во жестоката дебата со Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ, министерот посочи дека целта му е да ги оствари предвидените проекти. Тој ја повика соговорничката да направат и увид во проектите.
„Јас сум спремен и пред цела македонска јавност да се извинам и да кажам, лажам, ако тоа не е така.“ – посочи Сугарески.
Тој се осврна и на гасификацијата која не била реализирана додека опозицијата беше на власта. Наспроти тврдењата на Затуроска дека многу проекти не се реализирани, Сугарески решително тврдеше дека дел од проектите кои не биле реализирани од страната на опозицијата, се довршени во времето на новата влада.
Во однос на минималната плата, Сугарески е дециден на тврдењето на Зауроска дека тоа е вештачки проект наменет за во предизвборниот период заради поткуп на електоратот да гласа за владата.
„Колку треба да биде минималната плата, 9500? Толку беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Од 1 декември е 14.500. Значи не треба да ги зголемуваме платите? Кој може да преживее со 150 евра?“ – одлучен беше Сугарески.
Во делот на буџетот, Сугарески потенцираше дека зголемување го имало во многу сектори и дополнителното ќе се случи од 1 јануари.

Треба да знаете
Последни објави