Search

Највредната колекција на виски влезе во Гинисовата книга на рекорди

Виет Нгујин Дин Туан поседува 535 најретки, најстари и најквалитетни шишиња шкотско и јапонско виски, пренесува „Би-би-си“.

Експертите од компанијата „Rare Whisky 101“ (RW101) ја процениле вредноста на колекцијата на околу 12,5 милиони евра, што е рекорд потврден во Гинисовата книга на рекорди.

Виет поседува комплетна колекција „Macallan Fine and Rare“ виски, вклучувајќи и една од 1926 година кога биле произведени 40 шишиња, а Виет поседува дури три.

Шише „Тhe Macallan“ од 1926 година неодамна беше продадено  за речиси 1,75 милион долари.

Виет собира ретки и стари шишиња виски повеќе од 20 години. Сите тие се заклучени во салонот за виски кој се наоѓа во неговиот дом, а гордиот сопственик има намера да ја прошири колекцијата.

Треба да знаете
Последни објави