Search

Жители на еден калифорниски град живеат 10 години повеќе од просекот во САД

Калифорнискиот град Лома Линда (на шпански – убав град) се наоѓа во долината Сан Бернардино и е сместен меѓу планинските врвови. Градот е познат како епицентар на здравјето со повеќе од 900 лекари во кампусот на Универзитетот Лома Линда и Медицинскиот центар.

Но, ова не е единствената работа што ја издвојува Лома Линда. Имено, градот е една од петте изворни сини зони – региони во светот каде што луѓето живеат најдолго и најздраво. Жителите на овој град и неговата околина живеат осум до 10 години подолго од просечниот Американец, пишува Си-ен-ен, а пренесува „Индекс“.

Експертите веруваат дека луѓето во овој град живеат толку долго затоа што има најголема концентрација на адвентисти во светот.

Адвентистите од седмиот ден се реформирана црква чии најистакнати верувања се: верба во второто Христово доаѓање и почитувањето на саботата како свет ден. Религијата пропагира здрав начин на живот и тоа го вцврстува во своите темелни вредности, што сигурно придонесува за долговечноста на нејзините следбеници.

„Што се однесува до мене, стресот си го создаваме ние самите“, изјави лекарот Елсворт Верхам во 2015 година, кога коментираше за сините зони. Верхам тогаш имаше 100 години и сè уште си го косеше неговиот двор.

Многу здравствени работници ги наведуваат следниве причини како детерминанти поради кои адвентистите во Лома Линда имаат толку долг животен век: голем процент од адвентистите се вегетаријанци, вегани или покрај зеленчук, од месо јадат само само риби, не пушат и консумираат многу малку алкохолни пијалоци.
Покрај тоа, адвентистите од овој калифорниски грд редовно вежбаат во природно опкружување и честопати волонтираат, што им дава чувство дека животот има смилса и дека тие активно придонесуваат за заедницата.

Треба да знаете
Последни објави