Search

Двегодишно дете почина при пад на божиќна скулптура на саем во Луксембург

На божиќен панаѓур во Луксембург, загина малолетно дете кога се скршил дел од ледена скулптура, кој паднал врз него.

Трагичната несреќа се случила во неделата навечер на сеамот кој се одржувал на плоштадот Плас Гијом Втори. Очевидци изјавиле дека скулптурата подоцна целосно се урнала и распаднала, пренесе „Индипендент“.

Брзата помош за кратко пристигнала на местото на настанот и се обидела да го спаси 2-годишното момче.

Но, според локалните медиуми, тоа им подлегнало на повредите и починало на патот кон болница.

Официјални лица изјавија дека божиќниот саем на плоштадот сега е затворен и полицијата истражува како дошло до овој несреќен настан.

Треба да знаете
Последни објави