Search

Го надмина Мајкл Џексон: Тејлор Свифт изведувач на деценијата

На доделувањето на Американските музички награди на свеченоста во Лос Анџелес, триумфираше Тејлор Свифт (29), освојувајќи шест награди. Свифт ја освои главната награда за изведувач на годината и уште четири други. Доби награда и за почесен изведувач на деценијата. Сега има веќе 29 награди, со што го надмина рекордот на Мајкл Џексон, кој собра 24 награди.

Покрај главната награда за артист на годината, освои и 5 други, така што досега има вкупно 29 награди со што го надмина рекордот на Мајкл Џексон кој има освоено вкупно 24 музички награди. Тејлор доби и награда за почесен артист на деценијата.

-Оваа година за мене беше полна со емоции. Беше добро, но и комплицирано. Сè што ми е важно се спомените кои ги имам со вас, со години, изјавила Сфивт која победи во конкуренција со Дрејк, Аријана Гранде, Халси и Пост Малоун, наведува “CNN”.

Свифт доби и награда за најдобар видео спот, најдобар поп/рок албум и најдобра поп/рок пејачка.

Треба да знаете
Последни објави