Search

(ВИДЕО) Грабежот на векот во Дрезден извршен со секири

Германската полиција објави снимка од грабежот на векот во Дрезден во кој се украдени бесценети дијаманти и историски музејски збирки накит кои се проценуваат на милијарда евра, а за некои историчари се бесценети. Беше објавено дека разбојниците биле опремени со ламби и со секири.
На снимката се гледа како еден од ограбувачите ја крши витрината со секира и од неа го краде накитот.Германските медиуми објавија дека станува збор за грабеж на векот, веројатно најголем од крајот на Втората светска војна.
Инаку, двајца разбојници влегоа во Историскиот музеј ,,Зелен Трезор” во Кралската палата во Дрезден, каде што се чуваат 4000 предмети од слонова коска, злато, сребро и накит рано утрово пред зори , откако имало прекин на електричната енергија што го деактивира алармот.
Директорот на музејот, Мерион Акерман, изјави дека вредноста на украдениот накит е непроценлива. Посебно вредни се украдените колекции на накит со дијаманти и рубини од 18 век кои имаат  историска и културна вредност многу повеќе отколку материјална, рече Акерман и одби да даде проценка на финансиската штета.

„Не можеме да ја откриеме точната вредност затоа што тие се непроценливи“, рече таа.
Дирк Синдрам, друг директор на музејот, изјави дека колекциите се „еден вид светско наследство“ и содржат околу 100 парчиња накит.Весникот „Билд“ пишува дека станува збор за „веројатно најголемиот грабеж на уметнички дела од Втората светска војна“.
Премиерот на Саксонија, Мајкл Кречмаер изјави дека сите жители на германската провинција биле ограбени со оваа кражба.
„Имотот што се чува во музејот во Кралската палата е стекнат со силно одрекување на луѓето од Саксонија низ вековите“, рече Кречмаер.
Рано во зори избувнал пожар во близина на музејот, поради што алармот и уличните светла се исклучиле, објаснува полицијата. Додаваат дека е во тек истрагата за да се утврди дали електричниот прекин е поврзан со грабежот.
И покрај прекинот на електрична енергија, камерите за надзор работеле и го снимиле упадот на двајца мажи кои го скршиле прозорецот и провалиле во зграда.
Командантот на полицијата во Дрезден, Волкер Ланге, изјави дека дошле до  „витрината со експонати и ја скршиле со секира“.

Треба да знаете
Последни објави