Search

Ковач може да седне на клупата кај Борусија во Дортмунд

Хрватскиот фудбалски стартег Нико Ковач може експресно да дпобие нов ангажман, откако пред две недели доби отказ од Баерн Минхен. Ковач е еден од кандидатите за да седне на клупата кај бундеслигашот Борусија од Дортмунд, според „Билд“.

„Милионерите“  немаат резултати какви што поскауваат, па тоа е причината набрзо да побараат нов стартег. Пресуден за ангажманот на нов тренер може да биде дуелот во Лигата на шампионите со Барселона, или оној против Херта на гостински терен, по што Фавре би можел да добие „шут“ карта.

Ковач се поврзува и со тренерската позиција кај Херта.

Според „Билд“, покрј Ковач има уште тројца кандидати за тренерското столче кај Бпорусија: Ралф Рангник, Роџер Шмит и Маурисио Покетино.

Треба да знаете
Последни објави