Двајца тинејџери избодени со нож во флиперница во Мала Речица

На 22.11.2019 во 22.20 часот во Полициска станица Тетово, Е.Ј.(37) од село Мала Речица пријавил дека во  20 часот во флиперница во селото неговиот малолетен син и Б.Н. по претходна расправија со остар предмет биле физички нападнати од три малолетни лица сите од Мала Речица.
И напаѓачите се на возраст од 16 и 17 години, со кои претходно се познавале.
Известен е јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Треба да знаете
Последни објави