Search

Ливерпул пак победи во финиш од натпревар

На денешните мечеви од 13. коло во Премиер лигата, гостите славеа на шест натпревари, а само Арсенал извлече реми (2:2) на домашен терен против Саутемптон, со голот на Лаказет во судското продолжение (90 + 6).

Ливерпул повторно победи во финишот на натпреварот како и повеќе пати сезонава, а овој пат против Кристал Палас. Гостите го презедоа водството со голот на Садио Мане во 49. минута, па Ливерпул имаше водство до 82. минута кога Вилфред Заха изедначи. Но во 85. минута по гужва во шеснаесетникот по корнер, најдобар беше Фирмино, кој го постигна победоносниот  гол.

Лестер продолжува да игра во одлична форма, па на гостувањето кај Брајтон славеше со 0:2 и  привремено се проби на второто место пред Манчестер Сити.

„Граѓаните“ славеа во дербито со Челзи со 2:1 и ја задржаа разликата од девет бода во однос на првопласираниот Ливерпул.

 

Треба да знаете
Последни објави