Search

Кога сме во дилема и не можеме да процениме која одлука е најдобра, интуицијата е таа која треба да ја послушаме

Кога сме во дилема и не можеме да процениме која одлука е најдобра, интуицијата е таа која треба да ја послушаме

Таа може да нè доведе во вистинската насока, само ако посветиме поголемо внимание на неа и на она што ни го порачува.

Интуицијата е феномен што сè уште никој не успеал да го објасни, но постојано сме сведоци дека таа е навистина моќна и може да ни пренесе многу важни пораки.

Еве неколку ситуации кога интуицијата е непроценлива:

– Ако чувствувате страв или непријатност од правење нешто, а интуицијата ви кажува дека тоа ќе биде најдобрата одлука, тоа веројатно не тргнува наопаку. Благодарение на интуицијата, ја напуштаме комфорната зона и постигнуваме одлични резултати.

– Кога вашата врска навидум добро функционира, но тој внатрешен глас ве потсетува дека не станува збор за голема љубов. Ако се појави и најмал црв на сомнеж, интуицијата ќе го препознае.

– Ако сметате дека сте во опасност, потпирајте се на интуицијата.

– Таа ќе ви порача дека не ви е добро. Ако имате чувство дека нешто не е во ред со вашето тело, контактирајте го вашиот лекар.

Кога едно внатрешно чувство ќе ви каже нешто не е во ред и покрај тоа што на прв поглед сè е совршено, послушајте го. Дури и ако не можете да најдете логично објаснување за чувството на вознемиреност во одреден момент, слушајте го, може да ве поштеди од многу проблеми.

Ако имате чувство дека работата не е за вас и дека можете да направите многу подобро, тогаш ова е веројатно точно. Внатрешното чувство понекогаш ги цени нашите способности повеќе отколку што нашиот рационален дел може да ги согледа.

Затоа, слушајте ја интуицијата, таа ќе работи во ваша корист, а никогаш против вас.

Треба да знаете
Последни објави