Интер убедлив против Торино

Интер славеше со 0-3 на Олимпискиот стадион во Торино за да ја продолжи победничката серија на гости и да го задржи чекорот со лидерот Јувентус.

На лошо терен за игра поради силните врнежи, Мартинез го отвори резултатот во акција од два потега. Голманот на Торино дегажираше само до Весино, кој со глава испрати топка во фор а Лаутаро прецизно биеше по земја за 0-1.

По половина час игра веќе беше 0-2. Барела нафрли на подалечната статива каде осамениот Де Врај рутински реализираше за дуплирање на предноста.

Победникот беше решен по десет минути игра во вториот дел, Лукаку стрелаше за 0-3 и три бода од Олимпискиот стадион во Торино.

Треба да знаете
Последни објави