Search

Лавров: Подготвен подобрен акциски план за Корејскиот полуостров

Новиот руско-кинески акциски план за постигнување договор на Корејскиот полуостров е предаден на Северна Кореја и наскоро ќе биде испратен до сите заинтересирани страни, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција со малезискиот колега Саифадин Абдула.

-Ова е ажуриран акциски план. Првиот нацрт им го покажавме на другите земји вклучени во разговорите – САД, Јужна Кореја и Демократската народна Република Кореја, рече Лавров.

-Русија ги разгледа сите конструктивни коментари за предложениот план…Сегашната верзија на акциониот план е дадена на Северна Кореја и наскоро ќе биде испратена до други партнери, додаде Лавров.

Шефот на руската дипломатија потсети дека Москва и Пекинг го воведоа овој акциски план уште во 2017 година, барајќи од САД и Северна Кореја да воспостават политички дијалог за градење доверба и да запрат воени маневри, нуклеарни тестови и лансирање ракети.

-Подоцна, американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-Ун одржаа разговори што ги поздравија Русија и Малезија, потсети Ларов.

Треба да знаете
Последни објави