Путин: Mислaм дека Зеленски е фин човек

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека верува оти украинскиот претседател Владимир Зеленски навистина сака да ја подобри ситуацијата во југоисточна Украина.

На прашањето каков е неговиот однос со Зеленски, Путин рече дека го нема бидејќи никогаш не го запознал ниту го видел, пренесува ТАСС.

„Разговаравме по телефон. Мислам дека тој е фин човек, љубезен. Мислам дека сака да ги подобри работите, особено во Донбас“, рече Путин и додаде дека сè уште не знае дали ќе може да го стори тоа.

Сепак, истакна Путин, преземени се некои позитивни чекори, како што се раздвојување на силите и опремата во две населени места.

Треба да знаете
Последни објави