Search

Трипуновски: Фамилијата Заеви сака трајно да ме замолчи

Во последните година дена, откако почнав да ги обелоденувам катастрофалните политики на СДСМ во земјоделието станав трн во око за фамилијата Заеви, обелодени на прес-конференција Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што кажа тој, најпрво бил избркан од работа, а потоа се барале начини и трајно да биде замолчан.

„На неколку наврати ми беа испраќани провокатори кои сакаа да ме предизвикаат на физичка пресметка. Не подлегнав. Во последните месеци засилено работеа на изнаоѓање на начин како да ми измислат и натоварат дела и да ми подигнат лажно обвинение, како наместо по комитети би ме влечкале по судови“, рече претставникот на опозициската партија и додаде дека подолг период во фиока во МВР стои изготвена фингирана кривична пријава против него.

Како што кажа, овие информации дошле до него од укажувачи, кои се загрижени во кој правец се движи државата.

„Правна држава не постои се додека на власт е Заев и фамилијата. Заев го претвори животот на Македонецот во пекол. Дури и затворот е поблага форма на измачување од пеколот кој Заев им го приредува на граѓаните секој ден“, порача Трипуновски и додаде дека попусти се сите обиди за заплашување, уцени и закани бидејќи тој ќе остане рамо до рамо со земјоделците и ќе се бори за нивните права.

Треба да знаете
Последни објави