Search

Светскиот ден на децата обележан во Кисела Вода

По повод Светскиот ден на децата во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, денеска се одржа манифестација на која учениците од училиштето преку бројни музички и драмски изведби пред присутните ги покажаа своите способности.

Одбележувањето на овој голем ден го поддржа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски кој заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ ја проследи прекрасната приредба на децата.

Градоначалникот Темелковски вчера во рамки на отворениот ден по граѓанско образование во просториите на Општината оствари средба со ученици од ООУ „Невена Георгиева – Дуња” со  кои разговараше на повеќе теми. Темелковски ги слушна барањата на учениците и нагласи дека во најбрз можен временски период Општината ќе им излезе во пресрет.

Едно од барањата ќе се реализира оваа седмица, на влезот на училиштето и околу него ќе биде поставена нова хоризонтална и вертикална сигнализација за поголема безбедност на децата.

Општина Кисела Вода како и досега така и во иднина ќе продолжи да го слуша гласот на децата, да ги исполнува нивните предлози и барања кои ќе им донесат подобри услови за престој во училиштата и градинките, за игра и забава во парковите.

Генералното собрание на Обединетите нации на 20 ноември во 1959 година ја усвои Декларацијата за правата на детето, а на истиот датум во 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето. Локалната самоуправа ги повикува сите да ја почитуваат Конвенцијата во која е нагласено дека сите деца треба да имаат еднакви права без разлика на тоа што се по етничка припадност, на која религија и припаѓаат, на кој јазик зборуваат, дали се богати или сиромашни, каде и со кој живеат, што им работат родителите, дали имаат некоја попреченост или инвалидитет.

Треба да знаете
Последни објави