Search

Лавров: Турција ја увери Русија дека не планира нова операција

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, им изјави на новинарите дека Анкара ја уверила Москва дека не планира повторно да ја започне воената операција „Извор на мирот“ во североисточна Сирија.

„Имаше контакт помеѓу претставниците на турската влада и нашиот амбасадор и тие го уверија нашиот претставник дека станува збор за недоразбирање и дека никој во Анкара не ја доведе во прашање работата што ја направи Русија“, рече Лавров, пренесува ТАСС.

„Ниту господинот Чавушоглу, мојот колега и пријател, ниту господин (портпарол на турскиот претседател Ибрахим) Калин не зборуваа за какво било продолжување на операцијата ‘Извор на мирот’“, рече Лавров.

Тој, исто така, рече дека повлекувањето на курдските екстремисти во североисточна Сирија е речиси целосно завршено, јави РИА.

Турската државна агенција „Анадолија“ пренесе изјава на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, дека Анкара ќе започне нова воена операција во североисточна Сирија, ако областа не биде расчистена од терористи, пренесе „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави