Search

(Видео) Папата им даруваше луксузна палата на сиромашните

Папата Франциск одлучи палатата Миљори да ја претвори во дневен и ноќен прифатен центар за многумина бездомници и сиромашни, пишува италијанскиот весник „Ла Стампа“.

Се работи за луксузна градба, изградена во 1800-те години во која живеело римското благородништво. Се наоѓа на неколку чекори од ватиканската базилика на Свети Петар. Четирите ката имаат вкупно две илјади квадратни метри, а има многу фасцинантен поглед на плоштадот свети Петар.

Канцеларијата на делителот на милостини, која ја води кардиналот Конрад Крајевски, ја следи работата на реструктуирањето. Самата обнова ја извела група на бездомници од спцијализирани компании, а работите се платени со прилози добиени на пергамент со апостолски благослов папата.

Треба да знаете
Последни објави