Search

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски оствари средба со Елса Фенет

 

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денеска (19.11.2019) оствари средба со директорот на одделот за Западен Балкан, при службата за надворешни работи на ЕУ, Елса Фенет.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, реформските приоритети и предизвиците со кои се соочува Република Македонија на европскиот пат.

Муцунски на средбата истакна дека најголем проблем со кој се соочува државата е криминалот и корупцијата и нивната неказнивост. Тој посочи дека се потребни суштински промени во правосудниот систем за борба против случаите на висока корупција.

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека актуелната власт нема капацитет да ги спроведе потребните реформи. Муцуснки додава дека новата Владата која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирана на суштински промени во правосудството и спроведување на реформските приоритети.

Муцунски потенцираше дека членството во Европската Унија е стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија и дека ВМРО-ДПМНЕ има визија и програма која ќе ја донесе државата на брза патека за членство во Унијата.

Треба да знаете
Последни објави