Search

Петмина повредени при напад врз воен Центар за обука во Авганистан

Најмалку четворица авганистански војници и еден цивил се повредени при денешната експлозија што се случи на влезот од воениот Центар за обука во Кабул.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими првично изјави дека тоа е напад на бомбаш-самоубиец, а подоцна прецизира дека се фрлени неколку рачни бомби.

Бомбите се фрлени врз влезот на Центарот утрово додека питомците доаѓале на обука.

Се уште никој не презел одговорност за нападот.

Талибанците и припадниците на Исламска држава често ги напаѓаат авганистанските безбедносни сили и владини претставници.

Треба да знаете
Последни објави