Search

Виетнам: Наставник по музичко осуден на 11 години затвор поради постови на Фејсбук

Суд во Виетнам осуди наставник по музичко на 11 години затвор поради серија објави на Фејсбук, кои според властите, биле против државата.

Нгуен Нанг Тин (43) е обвинет за „производство и дистрибуирање на антидржавни информации и материјали” на еднодневното судење во провинцијата Нге Ан, соопшти неговиот адвокат, додавајќи дека тој ќе мине пет години во домашен притвор по издржувањето на затворската казна.

Според адвокатот, Тин ги отфрла обвиненијата, велејќи дека контроверзниот профил на Фејсбук не е негов.

– Обвинителството не се откажа од тврдењето дека корисник на Фејсбук по име Нгуен Нанг Тин и мојот клиент се истата личност, додаде адвокатот.

Тин беше уапсен во мај, откако беше утврдено дека пишува и споделува антидржавни објави на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави