Search

Владата со 50.000.000 денари ќе ги поддржи печатените медиуми

Владата на последната седница на предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, го донесе новиот текст на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година.

Како што информира владината прес-служба, средствата за реализација на оваа програма, утврдени со Буџетот за 2019 година се во износ од 50.000.000 денари, а Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ќе објави Јавен повик за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за пријавување на интерес за средствата од оваа програма во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на оваа програма.

Треба да знаете
Последни објави