Search

Ленард скромен во триумфот на Клиперс против шампионот

Бранителот на трофејот во НБА лигата, тимот на Торонто репторс, утрово загуби на гостувањето кај Лос Анџелес клиперс со 98:88. Победникот беше решен во последната четвртина која домаќините ја добија со 25:10. Во седмиот триумф најдобар кај Клиперс беше Лу Вилиамс со 21 поен. Ленард против својот поранешен тим уфрли само 12 поени, додаде 11 скокови и девет асистенции. Ниту кај Торонто немаше премногу расположени играчи. Се издвои Паскал Сиакам со дабл-дабл од 16 поени и 10 скокови.

За Торонто ова е трет пораз сезонава, додека ЛА клиперс ја забележа седмата победа.

Кошаркарите на Бостон Селтикс синоќа го совладаа Далас Маверикс со 116:106 за да стигнат до својата осма победа сезонава. Уште една неверојатна партија во дресот на Маверикс имаше Лука Дончиќ, но тоа не беше доволно за седма сезонска победа на тексашаните. Селтикс имаат само еден пораз по девет одиграни натпревари во новата НБА сезона.

Бостон беше предводен од Кемба Вокер, кој постигна 29 поени, додека Лука Дончиќ повторно беше брилијантен во тимот на Далас, но овој пат немаше поддршка од неговите соиграчи. Словенецот постигна 34 поени со девет асистенции и шест скока.

Резултати на другите натпревари играни ноќта меѓу понеделник и вторник:
Детроит – Минесота 114:120
Бостон – Далас 116:106
Сан Антонио – Мемфис 109:113
Њу Орлеанс – Хјустон 116:122
Голден стејт – Јута 108:122.

Пласман во Западната конференција: ЛА лејкерс 7-2 (победи-порази), Денвер 7-2, ЛА клиперс 7-3, Јута 7-3, Хјустон 7-3,…

Поредок на Исток: Бостон 8-1, Милвоки 7-3, Торонто 7-3, Мајами 6-3, Филаделфија 6-3,…

Треба да знаете
Последни објави