Search

Берлускони одби да сведочи пред суд

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони одби да сведочи на судење на негов долгогодишен соработник кој е осомничен дека се обидел да биде посредник меѓу мафијата и политичарите.

Берлускони пред судот во Палермо, Сицилија, рекол дека адвокатите го советувале да не одговара на прашањата. Тој одбил и да се фотографира или снима додека стои пред судијата.

Обвинителството тврди дека сицилијанската мафија Коза ностра се обидела да им се приближи на политичарите во настојувањето да добие помали казни за осудени мафијаши.

Треба да знаете
Последни објави