Search

„Хера“ ја поздрави одлуката на Владата за пилот-програма за сексуално образование

Здружението „Хера“ ја поздрави одлуката на Владата за воведување пилот-програма за сеопфатно сексуално образование.

„Ја поздравуваме одлуката на Владата донесена на 162. седница за воведување пилот-програма за сеопфатно сексуално образование во 9. степен на основното образование. Ова е плод на двегодишната работа на работната група при Министерството за образование, Бирото за развој на образованието, Министерство за труд и социјална политика, Министерството за здравство и Министерството за финансии и „Хера“ за идентификување на национални стратегии за подобрување на содржината на сексуалното образование во наставата.

Според најавата на Влада – пилотирањето, согласно Акцискиот план е предвидено да почне со реализација во 2021 година, откако претходно ќе бидат завршени сите планирани чекори: изработка на материјали за обука на наставниците, обука на наставниците и изработка и пилотирање на инструментите за евалуација на пилот-програмата. Резултатите од пилот-проектот ќе овозможат подготовка на сеопфатен модел и план за воведување на сексуалното образование во училиштата согласно потребите на младите и реформите во образованиот систем“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави