Search

Патниците и екипажот безбедно евакуирани по „лажната узбуна“ на аеродромот „Шипхол“

Патниците и членовите на екипажот на авион на амстердамскиот аеродром „Шипхол“, каде што беше пријавена сомнителна состојба, безбедно го напуштиле леталото, соопшти холандската воена полиција.

„Истрагата на самото место сè уште трае“, стои во полициското соопштение.

Сепак, утврдено е дека дошло до забуна која ја предизвикал пилотот на авионот, кој по грешка го притиснал копчето за аларм во случај на киднапирање на авионот.

Холандската воена полиција претходно вечерва извести дека испитува сомнителна состојба во авион на аеродромот „Шипхол“ во Амстердам.

Некои пораки од патници, објавени на „Твитер“, укажуваа дека тројца мажи со ножеви се обиделе да ја преземат контролата над авионот.

Фотографии на социјалните медиуми прикажуваа толпа луѓе на аеродромот и вооружени полицајци зад кордонот.

 

Треба да знаете
Последни објави