Search

Министерот Исмаили на почетокот на градбата на дом на култура во Боговиње

Министерот за култура Хусни Исмаили присуствуваше на отпочнувањето на изградбата на дом на култура во Општина Боговиње,инвестиција која е поддржана од Министерството за култура со 25.000.000,00денари. Објектот е поддржан со Програматана Владата на Република Северна Македонија за користење на средства закапитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културатаза 2019 година  Финансиските средства  сенаменети за реализација на инвестиционен проект за изградба на дом на култура во општина Боговиње за земјени работи,бетонски армирачки работи и изолациони работи, а согласно Основен проект изработенод Идеа Груп од Тетово. „Овој дом накултурата што денес почнуваме да го градиме, убеден сум дека ќе стане централноместо во Боговиње каде што сите креативни луѓе од регионот ќе имаат можност даги реализираат своите потенцијали и на тој начин да придонесат кон намалувањена разликите помеѓу градот и локалната самоуправа”, истакна министерот Исмаили.

Треба да знаете
Последни објави