Search

(Видео-фото) Полицајка запалена со молотов коктел на протестите во Чиле

Најмалку двe полицајцки се сериозно повредени во последните судири меѓу полицијата и демонстрантите кои траат две недели во Чиле.
Фоторепортерот на новинската агенција Ројтерс, Хорхе Силва, сними шокантен момент кога демонстрантите фрлиле молотови коктели и запалиле полицајка. На фотографијата е прикажана агонијата на повредената жена додека нејзините колеги се обидуваат да и помогнат да го изгаснат огнот со противпожарен апарат и со раце.

Набрзо се појави и видео снимка од инцидентот.

Во судирите кои почнаа поради зголемување на цената на јавниот превоз досега се повредени над 800 полицајци и 1650 демонстранти.

Треба да знаете
Последни објави