Search

Пилот-проектот за сексуално образование почнува во 2021 година

Пилот-проектот за воведување сексуално образование ќе почне во 2021 година во деветто одделение во четири училишта, соопштија од Владата.

Проектот ќе се реализира во две училишта во урбана средина, едно во рурална и едно училиште каде што мнозинството од учениците се од малцинските етнички заедници.

„Пилотирањето во согласност со акцискиот план е предвидено да почне со реализација во 2021 година кога претходно ќе бидат завршени сите планирани чекори: изработка на материјали за обука на наставниците, обука на наставниците и изработка и пилотирање на инструментите за евалуација на пилот-програмата“, соопштија од Владата.

Треба да знаете
Последни објави