Search

Одбележување 10 години од основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување

Агенцијата за супервизија на осигурување денеска одбележува 10 години од основањето, а воедно ќе го одбележи и Денот на осигурување.

Од Агенцијата информираат дека по свечениот дел предвидено е воведни обраќања да имаат заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерката за финансии Нина Ангеловска, Шефот на Делегацијата на Европската Унија Самуел Жбогар и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување Климе Попоски.

Во работниот дел ќе се одржи панел дискусија на тема “Движечките фактори за повисок и одржлив раст на осигурувањето во регионот на Југоисточна Европа”,  а ќе биде доделена и годишната награда за млад истражувач за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување.

Треба да знаете
Последни објави