Search

Нови патеки за движење низ големиот парк во Топанско Поле

Регулирани паркови за поубави населби во Чаир. Нови патеки за движење на граѓаните низ големиот парк во населба Топанско Поле.
-Работната екипа штотуку заврши со регулирањето на новите патеки за движење на граѓаните во големиот парк во населба Топанско Поле. Се погриживме да има и нови парковски клупи и корпи за отпадоци. На овој начин ќе ги заштитиме зелените површини и ќе овозможиме граѓаните многу подобро да уживаат во убавиот поглед. Овој парк добива сосема нов поглед и ќе биде атракција која ќе разубави денот на секој граѓанин, велат од Општина Чаир.
Треба да знаете
Последни објави