Search

Дончиќ и Џејмс со нов трипл-дабл

Предводени од Леброн Џејмс, кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс ноќеска го совладаа Сан Антонио спарс со 103:96.

Џејмс натпреварот го заврши со трипл-дабл ефект, постигна 21 поен со 13 асистенции и 11 скока. Во победничкиот тим се истакна и Ентони Дејвис кој дуелот го заврши со 25 поени и 11 скока.

Најдобриот дебитант во НБА лигата за минатата сезона, Лука дончиќ, имаше уште една неверојатна вечер со нов трипл-дабл скор со што постави и нови граници во најсилната светска кошаркарска конкуренција. Со 29 поени, 14 скокови и 15 асистенции, Дончиќ уште еднаш докажа дека во моментов е еден од најзабавните и најразновидни кошаркари во НБА лигата.

За младиот Словенец ова беше 11-тиот трипл-дабл во кариерата и втор последователен оваа сезона, до кој стигна на нешто помалку од четири минути пред крајот на третата четвртина! Тој стана првиот кошаркар во НБА во последните 35 години кој што постигнал најмалку 25 поени, 15 асистенции и 10 скокови на два последователни натпревари.

https://youtu.be/mY4WXMklOkk

Изненадувачки лошо помина Хјустон на гостувањето на Флорида, каде Мајами го „разнесе“ со 129:100 нанесувајќи им го на „ракетите“ и третиот сезонски пораз.

Резултати на другите НБА натпревари одиграни ноќта меѓу недела и понеделник:
Мајами – Хјустон 129:100
Њујорк – Сакраменто 92:113
Кливленд – Далас 111:131
Лос Анџелес клиперс – Јута 105:94.

Лејкерс со биланс пет победи и еден пораз се најдобри во поредокот на Западната конференција, Филаделфија е лидер на Истокот со пет победи и ниту еден загубен меч.

Треба да знаете
Последни објави