Search

Германија предупредува дека Иран го доведува во ризик целиот нуклеарен договор

Германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас денеска предупреди дека најновото отстапување на Иран од нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година би можело да го уништи целиот договор.

Мас рече дека одлуката на Иран да користи поголем број напредни центрифуги за производство на збогатен ураниум е неприфатлива и оти “на крајот Иран не прави ништо помалку туку го ризикува целиот нуклеарен договор”.

Шефот на иранската нуклеарна програма денеска рече дека Техеран сега користи 60 напредни центрифуги ИР-6, што е во спротивност со договорот за нуклеарната програма со светските сили.

Тоа значи дека Иран сега работи со двојно повеќе напредни центрифуги од порано.

Треба да знаете
Последни објави