Search

(Видео) Осумина од камионот-ладилник со 41 илегалец во Грција завршиле во болница

Грчката полиција денес, на автопат на северот на земјата, во камион ладилник најде 41 мигрант, меѓу кои шестмина малолетници. Мигрантите не се повредени, соопшти неименуван полициски службеник, истакнувајќи дека системот за ладење на камионот не бил вклучен, пренесува Ројтерс.

Станува збор за мажи и момчиња, а сите, освен еден Иранец и еден Сириец, се од Авганистан.

Осум емигранти се во болница поради проблеми со дишењето.

Полицијата го уапсила 40-годишниот возач од Грузија, кој управувал со камионот со бугарски таблички.

За време на рутинска контрола полицијата го сопрела камионот во близина на градот Ксанти.

Емигрантите се најдени 10 дена откако во близина на Лондон во камион ладилник беа најдени тела на 39 емигранти за кои се верува дека се од Виетнам.

Грчката полиција годинава уапси десетици лица осомничени за шверц на луѓе.

Треба да знаете
Последни објави