Search

Денес се трчаше на Истанбулски маратон, единствениот интерконтинентален маратон во светот

Денес се трчаше на Истанбулски маратон, единствениот интерконтинентален маратон во светот

На годинашниот 41. Истанбулски маратон „Водафон“ победи кенискиот атлетичар Даниел Кипкоре Кибет кој го собори и рекордот на овој единствен интерконтинентален маратон во светот.

Годинашниот Истанбулски маратон кој се трчаше под слоганот „Истанбул е твој, не стој трчај“ стартуваше од Анадолскиот брег на висечкиот мост над Босфорот (15 јули Мостот на шехидите“.

Министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу пред стартот одра говор во кој привлече внимание кон обединувачката сила на спортот и рече: „Со обединувачкиот дух на спортот им посакувам добредојде на спортистите кои дојдоа во Истанбул. Ќе ги поврземе Азија и Европа, ќе ги обединиме срцата. Со духот на спортот ќе одиме кон иднината со нашите млади. Им посакувам успех на сите учесници.“

На годинашниот 41. Истанбулски маратон „Водафон“ (Водафон Истанбул Маратон – Vodafone İstanbul Maraton), кој е единствениот маратон во светот каде што учесниците трчаат помеѓу два континента Европа и Азија учествуваа приближно 140.000 лица од 106 земји ширум светот.

Исто така, на годинашното издание на Истанбулскиот маратон учествуваа 58 елитни атлетичари.

Во машка и женска конкуренција триумфираа атлетичарите од африканските земји.

Првото место во машка категорија го освои атлетичарот Даниел Кипкоре Кибет од Кенија кој маратонот од 42 километри и 195 метри го истрча за време од 2:09:44 (2 часа 09 минути 44 секунди) со што го собори и рекордот на маратонот.

Второто место го освои Јитајал Атнафу Зерихун од Етиопија, а трет беше Питер Квемои Ндоробо од Кенија.

Во женска конкуренција првото место го освои Хирут Тибебу од Етиопија која маратонот од 42 километри и 195 метри го истрча за време од 2:23:40 (2 часа 23 минути 40 секунди).

Второто место го освои Тигист Абајечев од Етиопија, а трета беше Маурин Чепкемој од Кенија.

Оваа организација која претставува единствена маратонска трка којашто се трча помеѓу два континента во светот од 2012 година се наоѓа во списокот на „златни маратони“ коишто се соопштени од страна на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ).

Треба да знаете
Последни објави