Search

Продолжуваат антивладините протести во Багдад

Десетици илјади луѓе денеска протестираа на плоштадот Тахрир во Багдад, што е најмасовен протест во последниот месец.

Демонстрантите бараа брза промена на политичкиот систем воспоставен по американската инвазија во 2003 година, кого го обвинуваат за корупција, висока стапка на невработеност и лоша јавна управа.

Поради протестот во Багдад е зајакната безбедноста посебно на двата моста кои водат до Зелената зона, каде се лоцирани Владата и странските амбасади.

На денешниот протест повредени се најмалку 350 лица кога безбедносните сили употребија солзавец и гумени куршуми со цел да ги оддалечат демонстрантите од мостовите.

Најмалку 225 лица се убиени во двата големи протести во октомври.

Треба да знаете
Последни објави