Search

Животот на Асанж е во опасност

Третманот на основачот на  на Викиликс, Џулијан Асанж, го загрозува неговиот живот, оцени известувачот на ОН за тортура, Нилс Мелцер. Тој изрази загриженост поради здравствената состојба на Асанж по апсењето и притворот од почетокот на годината, наведувајќи дека „неговиот живот е во опасност“.

„Ако Велика Британија не го промени однесувањето и нехуманата ситуација во која е и натаму изложен Асанж со арбитражноста и кршењето на неговите права, би можело да го чини и живот“ рекол Мецар.

Тој рекол дека посебно е загрижен поради новите медицински информации од неколку доверливи извори, според кои Асанж влегол во „волшебен круг на анксиозност, стрес, немоќ, што е типично за лице изложено на продолжена изолација и постојана арбитрарност“.

Асанж на 11 април беше исфрлен од амбасадата на Еквадор во Лондон, во која беше од 2012 година. Вашингтона го обвинува Асанж за шпионажа и му се заканува екстрадиција во САД.

Треба да знаете
Последни објави