Search

УЕФА ја одреди казната за Бугарија, англиската јавност шокирана од одлуката

Расистичките навреди кои ги добија англиските фудбалски репрезентативци на гостувањето во Софија во квалификациите за ЕП, предизвикаа многу реакции, но УЕФА повторно не донесе одлука со која ќе испрати јасна порака до навивачите кои предизвикуваат вакви инциденти на трибините.

Расистички навреди и извици и фашистички поздрави беа упатувани од бугарските фанови на сметка на избраниците на Герет Саутгејт, а УЕФА реши да ја казни репрезентацијата со два натпревара без публика, од кои еден е во вид на условна казна. Притоа доделена е и парична казна од 75.000 евра за федерацијата на нашиот источен сосед.

Англиската јавност, но и најгласните активисти во кампањата против расизмот се шокирани од одлуката на УЕФА и според нив, таа само ќе охрабри вакви испади и во иднина, без разлика за која држава станува збор.

Како споредба за несериозната казна, дел од англиските медиуми потсетија дека Никлас Бендтнер беше казнет со 80.000 евра откако истакна боксерки со реклама за букмејкерска куќа за време на натпревар.

Треба да знаете
Последни објави