Search

Доминантно е загадувањето од домашното затоплување, инвертерите најевтин и најеколошкиот систем

До крајот на декември во 45 основни училишта и градинки во 19 општини ќе биде променето затоплувањето, а во  24 објекти во  16 општини ќе се подобри енергетската ефикасност. Во Скопје во 11 места, градинки и основни училишта, ќе бидат инсталирани зелени урбани градини, за кои тендерот е завршен, рече заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули.

Градинките, училиштата и болниците се приоритетни. Гасификацијата како стратешки проект на Владата ќе влезе во сите болници по фази. Во интервју за „Топ тема” на ТВ Телма, Макрадули рече дека за струмичката болница се очекува наскоро повикот за промена на начинот на греење кој сега е на мазут, средствата се префрлени на ЈП „Струмица гас” кој ќе ја води постапката, а средства се префрлени и на Студентскиот центар за објектот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу”.

-Со завршувањето, на пример, на градинката клон „Панорама” во Центар нема да има повеќе градинка која ќе користи мазут. Притоа да напоменам во една зимска сезона тие трошат 16.000 евра за мазут, а со помош на системот што ќе постави инвертори таа зимно време ќе троши 2.500 евра. Значи, ова е процес што штеди, рече Макрадули. Инверторите, додаде тој, сe најевтиниот, најеколошкиот систем, со оглед на цените на електричната енергија и на мазутот.

Посочи дека дел од изvорите на загадување се возилата, но како и во други градови од регионот, домашното затоплување е најдоминантно. Подвлече дека Владата има стратегија и во Буџетот во 2019 година првпат е обезбеден фонд и посебна програма за справување со аерозагадувањето.

Макрадули тврди дека во земјава не се увезува штетен отпад. Во „Дрисла” има инцелератор кој после интервенцијата на МЖСПП и Градот го промени филтерот, се стави електростатски, нема можност тој да гори таков отпад, физички тој не може тоа да го направи. Мислам дека имаше демант и од Царината за такви случувања, дека некој можеби сака нешто тајно да направи, но тоа е илегален чин казнив со закон, рече Макрадули.

Треба да знаете
Последни објави