Search

Џенифер Анистон ја бакна во уста водителката Елен Деџенерис

Популарната комичара и водителка Елен Деџенерис во својата мегапопуларна емисија ја угости и својата долгогодишна пријателка Џенифер Анистон.

Тие две овојпат најдоа начин да го изненадат светот и тоа ни помалку ни повеќе туку со сочен бакнеж во уста.

Двете во емисијата зборувале на различи теми, а една од нив била и бакнувањето.

Елен пред две недели пред камерите го бакна Хауард Стерн, а Анистон ја прашувала за деталите околу тоа.

„Како ти беше? Дали уживаше? Дали беше нервозна? Да не го земеме предвид Хауард, кога последен пат си бакнала маж?“ – ја испрашувала Џенифер.

„Па, беше добро… Впрочем, зошто сите се толку многу шокирани? Да, јас се бакнувам и со мажи. Кога ти последен пат си бакнала девојка во уста?“ – ја прашала Елен Деџенерис, на што Џенифер ѝ одговорила дека таа не го прави тоа.

https://www.instagram.com/p/B4I3qpqBa0l/

Сепак, следел момент кој многумина ги шокирал: Елен ја бакнала Џенифер во уста.

„Имаш многу меки усни“ – изјавила потоа Анистон.

 

Треба да знаете
Последни објави