Search

Џастин Бибер вети нов албум под еден услов

Џастин Бибер се чини дека е во добро расположение. Пејачот објави на социјалните мрежи дека на пат е нова музика, и токму за време за празниците. „Но, постои еден услов, а тоа е објавата да добие 20 милиони лајкови“, напиша тој на „Инстаграм“.

„Споделете го, објавувајте, морам да ја видам побарувачката“, напиша тој. „Ве сакам луѓе, лајкувајте! Албумот е речиси готов, но вашата поддршка ќе ме натера да се движам побрзо“, напиша Бибер.

https://www.instagram.com/p/B4I-sZonM2R/

Објавата предизвика поплава од лајкови. За помалку од 24 часа, пејачот на хитот „Извини“ собра речиси 6 милиони лајкови. Значи, само 14 милиони до целта. Но, кој брои? Неговите славни пријатели помагаат во ширење на веста. Скутер Браун, Круз Бекам, диџеј Калид и Логан Пол ги споделија постовите на суперѕвездата за да се постигнат повеќе лајкови.

Доколку дизајнерот на Дру Хаус ја достигне својата цел, ова ќе биде негов прв албум во последните четири години иако изгледа дека не поминало толку време.

Треба да знаете
Последни објави