Search

Седум жртви во сообраќајка во Унгарија

Вкупно седум лица денеска загинаа во два автомобили во сообраќајна несреќа што се случила на прометен автопат во Унгарија.

Локалната полиција соопшти дека несреќата се случила кога камион излетал од спротивна лента и удрил во автомобилите. Се уште не е јасно зошто камионџијата изгубил контрола врз возилото.

Двата автомобили во кои удрил камионот целосно изгореле, а жртвите во нив се уште не се идентификувани.

Несреќата се случила на автопатот М5, 145 километри јужно од Будимпешта. Автопатот е главната сообраќајна рута меѓу Унгарија, Србија и Украина.

Треба да знаете
Последни објави