Search

Предавање за рано откривање на рак на дојка на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тетово

Предавање за рано откривање рак на дојка се одржа денеска на Медицинскиот факултет при Универзитот во Тетово.

Учествуваа радиологот Арѓент Имери, субспецијалист по дијганостика на дојка, доц. д-р Маја Јакимовска и специјалистите д-р Илир Исмаили, Вјолца Скендери и Фатмир Салиу.

-Тие редовни прегледи се потребни и неопходни, бидејќи според статистиките, секоја осма жена во текот на животот, може да добие рак на дојка. Значи е најчестата малигна болест кај жените од која жените умират и токму заради тоа што со ова рано откривање на болеста можеме потполно да ја излечиме, истакна д-р Имери.

Бројката на заболени, посочи, се зголемува после 40-тата или 45-тата година од животот.

-Се препорачува на секоја жена или девојка кога влегува во пубертет најмалку да практикува самопреглед на дојка. Не дека ние очекуваме да се јави рак на дојка на таа возраст, туку во таа возраст може да се јават други промени на дојката поради кои ќе биде неопходно следење на состојбата или некаква друга интервенција. До период до 40 години главно се прави ултразвук како дијагностичка метода, бидејќи не користи јонизирачко зрачење како што се другите дијагностички методи. Од 40-тата година се препорачува да се прави мамографија, рече д-р Имери.

Иницијативата за предавањата во Тетово е на Ротари клуб Тетово, а во активностите поддршката ја има од ректоротат на Тетовскиот Универзитет, Медицинскиот факултет и Научната група на студентите од факултетот.

Треба да знаете
Последни објави