Search

Повисоки цените на индустриските производи на домашниот пазар на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември се пониски за 0,1 процент на месечно ниво и повисоки за 1,2 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика. Во септември во споредба со август годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата „интермедијарни производи, освен енергија” за 0,5  проценти.

Во септември годинава во споредба со септември  лани продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите: „нетрајни производи за широка потрошувачка” за 1,8  проценти, „капитални производи” за 1,4  проценти,  „енергија” за 1,5  проценти и „трајни производи за широка потрошувачка” за 0,7 проценти.

Треба да знаете
Последни објави