Search

Пекинг е аутсајдер, ама Вардар нема да го потцени

По завршувањето на репрезентативните обврски во ЕХФ неделата, македонскиот, регионалниот и европски ракометен првак Вардар се враќа на обврските во СЕХА лигата. Утре гостува кај дебитантот во регионалното натпреаврување, тимот на Пекинг СУ во Загреб. Тоa ќе биде последна контрола пред дуелот со Мешков во ЕХФ Лигата на шампионите.

Ракометарите што беа на располагање кај своите репрезентации директно заминуваат за Загреб, а оние што тренираа во Скопје денеска ќе им се приклучат. Вечерва ќе тренираат заедно, а утре натпреварот ќе го одиграта со почеток во 17,15 часот. Веднаш по мечот Вардар се враќа во Скопје и почнуваме со подготовките за средбата Мешков.

Павел Атман и Сергеј Горпишин се повредени и остануваат во Скопје да им биде извршен лекарски преглед, а Сташ Скубе е болен и доби препорака неколку денови да не тренира.Тие им се приклучуваат на Стојанче Стоилов и Жозе Толедо кои се уште не почнале да играат за „црвено-црните“.

-Имавме долг и напорен пат за време на ЕХФ неделата. Можеби на хартија Пекинг е аутсајдер, но ние никогаш не го потценуваме ривалот. Сакаме да одиграме максимално. Пекинг од натпревар во натпревар игра подобро, и ние секако тоа го сфаќаме сериозно. Имаме проблеми во нашиот тим, но, секако сите други ќе дадат се од себе, изјави Едуард Кокшаров, тренерот на екипата.

На првиот натпревар на почетокот на сезоната Вардар го победи Пекинг со 37-23. И сега сме фаворити и во отсуство на неколкумина ракометари шанса ќе добијат помладите.

По четири одиграни натпревари Вардар е на второто место во А групата со 9 бода, три помалку од Мотор, но украинскиот тим има одиграно еден натпревар повеќе.

Треба да знаете
Последни објави