Search

Османи бил кај таткото на загрозениот сведок во „Монструм“

Во продолжение на денешното рочиштето „Монструм“ се прочитаа и неколку СМС пораки и транскрипти од разговори водени помеѓу функционери од ДУИ, кои разменуваат информации за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.

Речиси еден месец по петкратното убиство, односно на 9 мај 2012 година, Бујар Османи му се јавува на Али Ахмети и го известува дека ќе оди во посета на едно семејство, а од контекстот се наѕира дека станува збор за семејството на тогашниот загрозен сведок Хаки Азири, кој потоа се предомисли и стана обвинет.

Бујар: „Ќе одам кај татко му на овој“, кусо му вели Османи на Ахмети.

Ахмети го советува да не открива многу детали, односно дека се заинтересирале и разбрале дека е добар.

-Ќе кажеш дека сме разбрале дека е добар. Како што ни кажале на нас, така и на вас, вели Ахмети.

По средбата му се јавува Османи и го информира дека бил кај човекот и седел два часа, а Ахмети го прашува како поминал?

Бујар не кажува многу детали, само дека човекот барал помош.

Треба да знаете
Последни објави