Search

Не стивнува говорот на омраза, нов графит против Србите во Сплит

Нов графит со говор на омраза кон Србите осамна во центарот на Сплит, а авторот на белиот ѕид напишал:„Напролет кога цветаат врбите, ќе правиме паприкаш од Србите.“ Графитот, според пишувањето на хрватски „Индекс“, осамнал во Личката улица.

Ова е најнов во низата графити со говор на омраза кои во последно време се појавуваат во Хрватска, најчесто токму во Сплит.

Кон крајот на септември, во Сплит се појавија и графитити „Убиј го Србинот“, „Новинари црви, да ви е*** мајката“, а неколку дена подоцна низата беше дополнета со нови графити меѓу кои кои и усташкото „У“.

Ноќта кон 1 октомври во центарот на Сплит, во улицата „Чајковски“ во близина на цедиштето на навивачите на Хајдук, се појави графитот „Новинари Срби“, а пред неколку дена во Задар се појави графитот „Заколи го Србинот, извади му ги органите.

Треба да знаете
Последни објави