Намалено нивото на реките, езерата во рамки на октомврискиот просек

Намалено ниво на реките во државава во однос на просекот за октомври, покажуваат денешните хидролошки мерења. Според УХМР,  двојно пониско е нивото на реката Црни Дрим кај Ложани, а намалени водостои имаат и Вардар кај Велес и кај Демир Капија, Треска кај Македонски Брод и Крива Река кај Крива Паланка. Единствено повисоко ниво на водата е измерено на реката Вардар кај Јегуновце и кај Скопје, на Пчиња кај Катлановска бања и на Црна Река кај Новаци.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се речиси идентични со просекот за октомври.

Треба да знаете
Последни објави