Search

ВМРО-ДПМНЕ: Сугарески, чекори по стапките на Заев продолжува да ја лаже јавноста

Сугарески, чекори по стапките на својот партиски шеф, Заев и продолжува да ја лаже и манпулира македонската јавност. Со кое лице тој говори за проекти и инвестиции во инфраструктурата имајќи ја во предвид катастрофалната реализација на капиталните инвестиции. Во првите 6 месеци реализацијата на капиталните инвестиции изнесуваше помалку 20 проценти, а заклучно со октомври реализацијата е не повеќе од очајни 30 проценти.

Сите паметиме како Заев и Сугаревски ветуваа дека ќе изградат над 500 километри автопат и 500 километри регионални и локални патишта. Власта не само што не ги изгради ветените 500 километри автопат туку и намерно стопираше и блокираше голем број инфраструктурни проекти започнати од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните се гневни на власта и набрзо ќе ја казнат,  тие се излажани. Голем е бројот на нереализирани ветувања и изневерени очекувања, а казната за ваквиот однос на власта доаѓа на 12 април. Тогаш Сугаревски и целата криминална банда на чело со Аболицираниот Заев ќе се соочат со револтот на народот.

Треба да знаете
Последни објави