Search

 ВМРО-ДПМНЕ нуди обнова на расипништвото и осиромашување на граѓаните, денес економијата е стабилизирана, парите се враќаат назад кај граѓаните

Соопштение за јавност реакција на прес конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ нема буквално никаков кредибилитет да зборува за економија. Партијата симбол на криминал, уцени, закани и осиромашување на граѓаните, партијата која со недомаќинско однесување успеа да го удвои јавниот долг нема право да зборува за економија.

Граѓаните многу добро се сеќаваат на темните 11 години, кога државата беше изолирана, бизнисите пропаѓаа, граѓаните осиромашуваа, а функционерите на ВМРО-ДПМНЕ вртоглаво се збогатуваа.

Лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кулминира со тоа што тие се против сите мерки кои ги враќаат парите кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ, научено на земање, е против новото зголемување на минималаната плата на историски највисоки 14.500 денари.

За разлика од расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, економските политики на СДСМ се на прав пат и се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните. Денес, економските политики на Владата предводена од СДСМ носат директни придобивки за граѓаните. Економијата расте, од наследени -1.8 отсто, денес имаме раст на економијата од на 4 отсто, минималната плата порасна за 5.500 денари, а просечната плата за 2.000 денари.

Јавниот долг е стаблизиран, фреквенцијата на задолжување е двојно намалена а каматните стапки се на историско најниско ниво. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нудат обнова на расипничкото и криминалното трошење на народни пари и осиромашување на граѓаните и затоа ќе загубат на предвремените избоир. На изборите, граѓаните ќе потврдат дека економијата е стабилизирана и е на прав пат.“

Треба да знаете
Последни објави